Connect with us

Вести

Акција на МВР И ОЈО ГОКК за даночно затајување: Приведени поранешни пратеници, вработени во УЈП, бизнисмен и други 15-тина лица

Од попладнево под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од ОЈО ГОКК, со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава.

Како што информираат од ОЈО ГОКК се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. 

Неофицијално уапсени се повеќе од 10 лица во големата полициска акција попладнево во која се бараат докази за големо даночно затајување. Според Нетпрес, меѓу уапсените има вработени во Управата за јавни приходи.

Повеќе македонски медиуми ја пренесоа веста.

4news објави дека, наводно, меѓу уапсените се и поранешни пратенички на СДСМ, сопственик на бензински пумпи и сопруга на познат доктор.

Според информации на ТВ Сител, меѓу приведените се и сопственици на фирми. Осомничените, наводно, одобрувале поврат на ДДВ за фирмите на кои поврат не им следувал. За возврат, неофицијално, фирмите потоа на осомничените им испорачувале и до 20% од добиената сума.

На шпекулациите дека во уапсените се повеќе познати лица од јавноста, пратенички, конзули и газди од ОЈО ГОКК соопштија:

„Да не се шират дезинформации, нема звучни имиња, особено не конзули, пратеници и амбасадори. Да заврши акцијата и ќе има официјални и издржани информации“.

Се чека официјално соопштение од надлежните институции во врска со наводите.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4