Connect with us

Вести

Вонреден инспекциски надзор во болницата во Кавадарци во врска со случајот со починатото новороденче

Министерството за здравство соопшти дека иницира Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да изврши инспекциски надзор во Општата болница во Кавадарци во врска со случајот со починатото новороденче.

Од болницата денеска соопштија дека бебето со иницијали У. М., на возраст од два месеца, кај нив било примено поради обилно повраќање по хранење. 

СВР Велес претходно соопшти дека синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21.35 часот на детското одделение во Општа болница во Кавадарци починало бебе на возраст од два месеца.  

– Според пријавеното, бебето било хоспитализирано на 12.1.2026, но починало и покрај дадената медицинска помош и направената реанимација. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција – соопшти СВР Велес.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3