Connect with us

Вести

Забранети уште 33 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа – вкупно 307

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска потпиша налог за ограничување на пристапот до нелегални веб-страници и веб-апликации преку јавните електронски комуникациски мрежи, во случаи на нелегално приредување игри на среќа.

– Со најновиот налог се опфатени дополнителни 33 нелегални веб-страници, што значи дека вкупниот број на досега опфатени (забранети) нелегални страници изнесува 307, се наведува во соопштението од Министерството за дигитална трансформација.

Налогот, како што информираат од Министерството, е доставен до Агенцијата за електронски комуникации, која е должна во рок од пет дена да го достави до операторите на електронски комуникациски мрежи за спроведување.

Од Министерството за дигитална трансформација најавуваат дека ќе продолжат со континуирани мерки за сузбивање на нелегалното онлајн приредување игри на среќа, со цел заштита на граѓаните и унапредување на безбедноста во дигиталниот простор. дма/са/

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3