Connect with us

Вести

Иницијативи на КСЗД за измени на Законот за високо образование и на Законот за култура

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) до комисии во Собранието поднесе иницијатви за изменување и дополнување на Законот за високо образование и на Законот за култура.

До собраниската Комисија за образованите, наука и спорт и Комисијата за економски прашања, труд и енегретска политика, КСЗД поднесе информација за потребата од измени и дополнувања на Законот за високо образование „со цел отстранување на утврдена индиректна дискриминација кон вработените во приватните здравствени установи“.

-Иницијативата се однесува за отстранување на нееднаквоста кон докторите по медицина кои се вработени во приватни здравствени установи, а кои се спречени да засноваат двоен работен однос, за разлика од докторите по медицина кои се вработени во јавните здравствени установи, соопшти Комисијата. 

До собраниската Комисија за култура и туризам, пак, е поднесена информација за потребата од измени и дополнувања за Законот за култура „со цел отстранување на утврдена индиректна и продолжена дискриминација кон носителите за државни награди од областа на културата и уметноста“.

-Иницијативата се однесува на нееднаквата, односно различна методологија за пресметување на висината на надоместокот на корисниците на  државните награди, наведува КСЗД во соопштението. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 3