Connect with us

Свет

Германија со амбиција за поголема улога во ОН: Бон предложен за домаќин на нови агенции

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул побара неговата земја да добие повеќе раководни позиции во Обединетите нации (ОН) нагласувајќи дека Германија не е доволно претставена во високиот ешалон на организацијата и покрај нејзиното меѓународно влијание.

По разговорите со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во Њујорк, Вадефул истакна дека сегашната застапеност на Германија не ја одразува адекватно нејзината политичка тежина, ниту нивото на финансиски и глобален ангажман.

– Доколку сакаме независни Обединети нации, мора да прифатиме дека таму ќе се носат и одлуки што нема да ни се допаѓаат – изјави шефот на германската дипломатија додавајќи дека Берлин очекува свое место на масата преку поголема застапеност и евентуално преку домаќинство на нови агенции на ОН, при што како можен град домаќин го предложи Бон.

Вадефул потсети и на неуспешниот обид на Германија минатата година да го номинира Нилс Анен за шеф на УНХЦР, позиција која на крајот ја презеде поранешниот ирачки претседател Бахрам Салих. Германскиот министер пристигна во Њујорк по посетата на Вашингтон, каде што се сретна со американскиот државен секретар, Марко Рубио.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1