Свет
Зголемена активност на американските воздухопловни сили во Катар, повик Американците веднаш да го напуштат Иран
Американските борбени авиони ги интензивираа активностите во воздушната база Ал Удеид во Катар, лоцирана на околу 300 километри од границата со Иран, додека американската влада издаде итно предупредување до своите граѓани веднаш да го напуштат Иран.
Според извештаите на медиумите, неколку американски воени авиони, вклучувајќи го танкерот за надополнување гориво КЦ-135 и стратешкиот бомбардер Б-52, полетале од базата Ал Удеид во неделата навечер. Оваа воена база е дом на повеќе од 10.000 американски војници и располага со писта од 4.500 метри, способна да прифати најтешки воени летала.
Стејт департментот упати апел до американските државјани во Иран итно да заминат, користејќи сопствени планови кои не се потпираат на помош од владата. На оние кои не се во можност да заминат, им се советува да останат на безбедни места и да обезбедат залихи од храна, вода и лекови.
јануари 13, 2026


