Connect with us

Свет

Мерц: Одброени се деновите на режимот во Иран

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека се одброени деновите на иранскиот режим.

– Ако еден владејачки режим може да ја задржи власта само преку употреба на насилство, тогаш неговите денови се всушност одброени. Претпоставувам дека сме сведоци на последните денови и недели од овој режим – истакна рече Мерц, кој е во посета на Индија.

Тој повтори дека операциите на иранските безбедносни сили против демонстрантите се несразмерни и сурови.

Според активистите властите против демонстрантите користат солзавец и боева муниција. „Иран Хјуман рајтс“ (Iran Human rights), со седиште во Осло, наведе дека досега се убиени најмалку 648 демонстранти.

Протестите почнаа на 28 декември во Техеран поради незадоволство од економската ситуација, а набрзо прерасна во антивладини демонстрации и се проширија низ цела земја.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2