Connect with us

Регион

Милановиќ: Руте кажува многу нешта што јас воопшто не ги поддржувам

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ги коментираше актуелните меѓународни и внатрешнополитички прашања за време на вчерашната посета на Меѓимурската област, осврнувајќи се и на претстојната посета на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, закажана за понеделник (12 јануари), јавуваат хрватските медиуми.

Пред новинарите во градот Чаковец, Милановиќ истакна дека Руте е „добредојден во Хрватска“, но нагласи дека тој не е функционер кој „носи одлуки и располага со какви било пари“.

– Кога тој зборува, не е јасно во чие име зборува и кажува многу нешта што јас воопшто не ги поддржувам. В понеделник ќе биде гостин тука, ќе разговараме, но тој не е човекот кој одлучува, изјави хрватскиот претседател.

Милановиќ упати критики и до хрватската Влада за доделената помош за Украина во време кога сè уште не е завршена изградбата на хрватските патролни бродови. Тој истакна дека Владата се пофалила со помош од 15 милиони евра за Украина, што според него не е доволно ниту за греење на една касарна за еден месец.

Од друга страна, претседателот посочи дека Владата не обезбедила 12 милиони евра за завршување на изградбата на пет патролни бродови во бродоградилиштето „Бродосплит“. 

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3