Connect with us

Култура

„За нас почнува живот“ вечер на Божиќниот театарски фестивал во Кисела Вода

Театарската претстава „За нас почнува живот“ ќе биде изведена вечер на вториот ден од Божикниот театарски фестивал во општина Кисела Вода.

-Со успешен почеток стартуваше првиот Божикен театарски фестивал во Кисела Вода, најавувајќи нова културна традиција во општината. Првата фестивалска вечер помина во празнична атмосфера и со голем интерес од публиката, во Домот на култура „Билјана Беличанец“. Вечер со почеток во 20 часот, на програмата на вториот фестивалски ден, е театарската претстава „За нас почнува живот“, во изведба на Театарското здружение „МАНА“, соопштија попладнево од Општина Кисела Вода.

Режијата е на Дејан Пројковски, а улогите ги толкуваат Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Нино Леви.

Претставата не се препорачува за лица помлади од 16 години. Влезот е бесплатен.

Божиќниот театарски фестивал продолжува и утре. На програмата од 18 часот е претставата „Кралица Срце“ на Театарското здружение „Триангл“, во режија и по сценарио на Десанка Глигоријевиќ, а од 19:30 часот претставата „Другарство“ на Театарското здружение „Дивизион Арт“. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2