Connect with us

Култура

Промовирана монографијата за прилепскиот Музеј „Од артефакт до идентитет – седум децении културна меморија“

„Од артефакт до идентитет – седум децении културна меморија“ е насловот на монографијата што денеска ја промовираше прилепскиот Завод и музеј“ по повод 70 години постоење.

Монографијата е прослава на долг пат и идеја која трае за културниот идентитет и меморија.

-Оваа монографија нѐ потсетува дека Музејот не е само чувар на минатото, туку и активен, жив културен чинител во сегашноста, со јасна одговорност кон иднината. Ова дело е сведоштво за континуитетот, за генерациите вработени кои оставиле трага, но и за нашата определба и понатаму да ја градиме институцијата врз знаење, одговорност, професионалност и посветеност, рече Мимоза Христоска, директорка на прилепскиот  Завод и музеј при промоцијата на монографијата во Галеријата на икони во Прилеп.

Монографијата преку три книги обединети во заедничкиот наслов, го следи патот на музејот од неговото основање пред 70 години чиј темел го поставил археологот и неговиот прв директор, професор д-р Бошко Бабиќ, како и сите научни, истражувачки достигнувања на полињата на археологијата, историјата на уметност, конзерваторството.

– По Охридскиот, Прилепскиот регион е меѓу најбогатите региони во земјава со артефакти и сведоштва, но и со сѐ уште неоткриени тајни кои и во иднина ќе сведочат за нашето богато културно наследство. А ние посветено ќе работиме на тоа, нагласи Христоска.

Во подготовката на монографијата за прилепскиот Завод и музеј „Од артефакт до идентитет – седум децении културна меморија“ активно работеа Билјана Темелкоска, библиотекар советник и Паре Заревска, виш кустос во Музејот. 

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4