Connect with us

Култура

Директорот на МНТ, Кимовски се сретна со извршната директорка на Драмата на Народно позориште – Белград, Вујовиќ

Директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски денеска се сретна со извршната директорка на Драмата на Народно позориште – Белград, Анѓелка Вујовиќ.

Од МНТ соопштија дека средбата се одржала во рамки на вечерашното гостување на Народното позориште од Белград на големата сцена на Македонскиот народен театар, со изведбата на претставата „Вообразениот болен“.

Средбата помина во духот на заемна почит и уметнички дијалог, со акцент на продлабочување на културната соработка, размена на искуства и унапредување на регионалната театарска сцена. Овој чин претставува уште една потврда за значењето на меѓународната размена како простор на културно зближување, каде што театарот останува жив мост меѓу традицијата и современиот сценски израз. Заедничките гостувања, вечерашното и тоа на „Народен пратеник“ на 4 јуни годинава во Белград, се во пресрет на одбележувањето на јубилејот 80 години МНТ, информираат од МНТ. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2