Connect with us

Култура

„Кадифено“ – концерт на Зарина Првасевда во Македонската филхармонија

Во Македонската филхармонија утревечер во 19:30 часот концерт ќе одржи македонската вокална интерпретаторка и музичарка Зарина Првасевда. На сцената, таа ќе биде придружувана од македонските музичари Андреа Мирчевска, басист и добитничка на наградата „Златен орикс“ за најдобар млад џез музичар и Тони Арслан, професор, извонреден виолинист и солист во меѓународни оркестри – и двајцата активни членови на бендот на Зарина.

Заедно со неа, првпат на сцената во Скопје ќе настапат двајца турски музичари и светски виртуози: Џенк Ердоган, еден од најголемите мајстори на фретлес гитарата и артист со светска кариера, како и мултиинструменталистот и перкусионист Ахмет Алан.

Првасевда потенцира дека „Кадифено“ претставува уникатно музичко патување што ги спојува традицијата, современиот звук и светската музичка виртуозност.

-Овој концерт за мене е многу личен процес и еден вид враќање кон корените, но и нивно преомислување. Материјалот ѓто ќе го изведам произлегува од македонската и ориенталната музичка традиција, но е создаден низ слобода, импровизација и современ звучен звук. Сакав публиката да го почувствува овој концерт како интимен простор, како заедничко доживување во кое музиката не е само изведба, туку разговор, емоција и трансцедентност. За време на концертот, заедно со публиката, ќе ги истражуваме значењата и пораките на текстовите, културниот симболизам вграден во народните традиции и заедничкиот дух преточен во традиционалните танци. Луѓето ми се најголема инспирација, нешто што ми дава животна сила. Љубовта која си ја разменуваме, искуствата кои ги споделуваат со мене, се навистина бесценети. Посакувам да се обединиме на основа на емоција и верувам дека највозвишена форма на аплауз за секој уметник е реакцијата на публиката, нагласи Зарина Првасевда.

Вели дека музиката е универзален јазик и треба да биде мост помеѓу различни култури, нации и што ги руши сите бариери и граници. 

Тони Арслан истакна дека Турција дека нивната народна музика ја стават  во висок пиедестал таа народна елегантна турска музика ја викаат турска класика. Нагласи дека и македонската народна музика би требало таа елегантна музика што се изведува на сцена да добие таков третман како во Турција.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1