Connect with us

Свет

Девет лица повредени во напад со нож во Тајпеј

Најмалку девет лица се повредени во напад со нож во Тајпеј.

Пред нападот, осомничениот фрлил димни бомби на метро станица во близина на главната железничка станица во градот. На снимки од локалните медиуми се гледа осомничениот како слегува на следната станица на метрото и фрла уште димни бомби на улицата пред да извади нож и да ги избоде минувачите.

Тајванскиот премиер Чо Чунг-те не даде дополнителни детали, а мотивот за нападот останува нејасен.

Тајванската државна новинска агенција објави дека осомничениот паднал или скокнал од висок кат на трговски центар. Полициска екипа повикала брза помош, која го однела во болница.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4