Connect with us

Свет

Пет деца во Индија заразени со ХИВ по трансфузија на крв

Пет деца со таласемија во индиската држава Мадија Прадеш се заразени со вирусот ХИВ по примање трансфузии на крв, соопштија локалните власти, јави денеска Би-Би-Си.

Пациентите со таласемија, наследно генетско нарушување на крвта, имаат потреба од редовни трансфузии за да избегнат тешка анемија.

Најновите случаи на инфекција со ХИВ предизвикаа загриженост во врска со начинот на кој се даваат трансфузии, а властите формираа комитет за истрага на инцидентот.

Случаите следат по слични инфекции во источната држава Џарканд во октомври, каде што пет деца под осумгодишна возраст се заразија со вирусот откако примија трансфузии на крв во државна болница, потсетува Би-Би-Си.

Властите во државата Гуџарат почнаа истрага во 2011 година откако 23 деца со таласемија беа позитивни на вирусот откако примија трансфузии во болница.

Родителите на пациенти со таласемија и нивните семејства минатата недела го повикаа индискиот парламент да донесе Национален закон за трансфузија, за кој велат дека ќе ги заостри прописите за собирање, тестирање и трансфузија на крв.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2