Connect with us

Свет

Сценографијата на прес-конференцијата на Путин со порака до Украина

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја држи годишната прес-конференција, која ја организира повеќе од 20 години.

За време на денешната конференција тој одговара на прашања од руски граѓани, некои однапред избрани, а некои во живо. Темите се од економијата и социјалната политика до војната на Русија во Украина и односите со Западот.

На ѕидот зад Путин има мапа на Русија на која се гледа дека во границите на земјата не е само Крим, туку и четири источноукраински региони што Русија нелегално ги анектираше во 2022 година – Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон.

Руските сили сè уште не ги освоиле тие територии во целост, но тоа не го спречи Путин веќе да ги прогласи за дел од Русија. Нивното нагласување во позадината на денешното обраќање е јасен сигнал од Кремљ дека Москва нема намера да се откаже од своите територијални претензии, коментираат светските агенции.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2