Connect with us

Свет

Седум мажи со идеолошки врски со таткото и синот од Бонди уапсени во предградие на Сиднеј

Седум мажи за кои се верува дека имаат идеолошки врски со двајцата напаѓачи во терористичкиот напад на плажата во Бонди во неделата, се уапсени во југозападниот дел на Сиднеј, соопшти денеска полицијата на Нов Јужен Велс, јави ДПА.

Седумте мажи, сите познати на полицијата, беа уапсени вчера од полицијата во предградието на Сиднеј, Ливерпул, откако со две возила допатувале од соседната држава Викторија.

Снимките што кружат на социјалните медиуми и се емитуваат од локалните медиуми покажуваат полицајци во тактичка опрема како ги апсат мажите во фрекфентен дел на предградието на Сиднеј.

„И  покрај тоа што специфичната закана што ја претставуваат овие мажи е непозната, можам да кажам дека потенцијалот за извршување на насилно дело беше таков што не бевме подготвени да го толерираме ризикот и соодветно презедовме мерки“, изјави на прес-конференција полицискиот комесар на Нов Јужен Велс, Мал Ланион, пренесе ДПА.

„Добиените информации беа дека Бонди можеби бил една од големиот број локации на кои мажите имале намера да присуствуваат, но причината за присуството е непозната“, продолжи Ланион, додавајќи дека „оправдување за нивното актуелно  притворање повеќе не постои, под услов да се разгледаат доказите“.

Ланион рече дека полицијата „сигурно го гледа исламистичкиот екстремизам како една од … идеологиите … зад овие мажи“, додавајќи дека „нема потврдена врска помеѓу мажите во Бонди и седумте мажи што ги приведовме вчера“.

Претходно, заменик-комесарот на полицијата на Нов Јужен Велс, Дејвид Хадсон, за радиото Еј-Би-Си Сиднеј (ABC Radio Sydney) изјави дека постои „потенцијална сличност во некои размислувања“ помеѓу напаѓачите во Бонди и седумте мажи уапсени вчера.

Двајца напаѓачи, татко и син, во неделата отворија оган врз толпа луѓе што го славеа еврејскиот фестивал Ханука на познатата плажа Бонди во Сиднеј, убивајќи 15 лица и повредувајќи десетици. Повеќето од жртвите беа Евреи.

Еден од напаѓачите беше застрелан од безбедносните сили, додека другиот беше повреден и подоцна обвинет за 15 убиства и 40 телесни повреди со намера за убиство, потсетува ДПА. 

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1