Connect with us

Сервисни информации

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 8 степени.

Според прогнозата на УХМР, под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.

-Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1