Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Нова сила, а всушност стари лица на Заев кој заедно со Филипче го доприватизираа и раскрчмија СДС

Во новото раководство на СДС, влезе екс директорот на затворот Шутка со активна кривична пријава за злоупотреба на службена должност, како и Јон Фрчкоски кој беше фатен и призна како се дрогира на своето работно место, и кој наместо казна доби унапредување во СДС.

Новите сили а стари кадри напишани од Зоран Заев а изгласани од Венко Филипче се:

Рената Младеновска, екс директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и досегашен член на ИО на СДС.

Драган Крајовски, претседател на ОО на СДС Битола, во времето на Ковачевски директор на Затворот „Црн мост“ во Битола од времето на Заев и член на Централниот одбор на СДС.

Дејан Николовски, вработен во кабинетот на Зоран Заев и задолжен за странските инвестиции и досегашен претседавач на Централниот одбор на СДС.

Андреј Жерновски – Прелетач за функција од ЛДП во СДС на Зоран Заев, неуспешен и скандалозен дипломат, неуспешен градоначалник, неуспешен градежник, јавноста не го памети по ништо добро, туку само по ширење паника дека ќе се урне стадионот кој се уште стои.

Агрон Демири уште еден кадар од старото СДС, екс советник во сектор за Европска Унија и меѓународна соработка, потоа како правник е дел од Одделението за правни услуги во ЕСМ, коносител во ИЕ 6 на парламентарните кога СДС го претрпеа најголемиот пораз и не успеа како втор на листа да влезе како пратеник.

Љупчо Фармаковски- Фосил уште од времето на Хари Костов во влада и МВР како државен советник па и до денес му е главен координатор за човечки ресурси во Комерцијална Банка. Во 2008 беше претседател на Националната комисија за интегрирано гранично управување. И до сега беше организациски секретар на СДС.

Јована Тренчевска – поранешна министерка во владите на Заев за труд и социјална политика. Кочеше 16 согласности за воспитувачки и негувателки и 10 согласности за помошно технички персонал во градинките во општина Бутел кога градоначалникот беше од ВМРО-ДПМНЕ, а исто опструираше и одземаше ингеренции и во Куманово.  Го врати на работа директорот на меѓуопштински Центар за социјална работа – Радовиш, Александар Филев од СДС, откако беше разрешен затоа што е фатен во трговија со дрога. Во 2024 се повлече од функцијата како претседателка на форумот на жени на СДС – „Од денес во СДС нека настапат оние со квалитети, вистински знаења, лицата блиски до народот на кои им се верува. Нови лица, неизвалкани од времето на претходните функционери“, напиша тогаш, а сега се промовира како освежување.

Ова е убедливо најлошиот состав на СДС и Зоран Заев. Приватизациjата на СДС завршува, наредниот чекор е жесток стечај.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2