Култура
Во битолската Библиотека промовирани Амбасадори на читањето
Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ денеска во Битола промовира нови Амбасадори на читањето.
Станува збор за ученици, промотори на книгата кои во иднина ќе бидат инспирација за своите врсници.
-Книгата повторно станува центар на детското внимание, а младите нејзин најгласен промотор. Новата иницијатива на битолската библиотека „Амбасадори на читањето – читај и препорачај“ има за цел да ја поттикне љубовта кон читањето, да создаде ученички глас во библиотеката и да ја зајакне соработката меѓу училиштата и библиотеката, истакна м-р Емилија Стефановска Давкова, директорка на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола и додаде дека денес се слави креативноста и успехот на младите.
Во амбасадори на читањето промовирани се ученици од основните училишта „Кирил и Методиј“, „Стив Наумов“, „Тодор Ангелески“, „Трифун Пановски“ и „Даме Груев“, како и од средните училишта „Ѓорги Наумов“ и гимназија „Јосип Броз Тито“.
НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола денеска додели и награди за ученици кои учествуваа во проектот „Читањето ме прави херој“



