Connect with us

Свет

Еврокомесарот за одбрана за „Политико“: ЕУ да престане да ги следи плановите на Трамп и да понуди свој мир за Украина

Време е Европејците да престанат да бидат следбеници на американскиот претседател Доналд Трамп и да предложат свој мировен план за Украина, изјави еврокомесарот за одбрана Андриус ​​Кубилиус во интервју за изданието „Политико“.

ЕУ „треба да биде независна или барем да биде подготвена да биде доволно силна во геополитичките настани, вклучително и да има сопствени планови за тоа како да се постигне мир во Украина и да ги дискутира со своите трансатлантски партнери“, рече ​​Кубилиус.

Европските власти се загрижени дека дури и новиот план на Трамп да не профункционира, по неколку месеци ќе има нов.

– На секои шест месеци добиваме нови планови и на некој начин чувствувам дека тука чекаме да дознаеме какви планови ќе дојдат од Вашингтон оваа година. Планови треба да доаѓаат и од Брисел и Берлин, додаде еврокомесарот за одбрана.

Тој нагласи дека е „многу неопходно“ Европа да изготви свој план за крај на војната, за да си обезбеди место на преговарачката маса.

– Мора да имаме можност да дискутираме два плана – еден кој е европски и уште еден, можеби изготвен од нашите американски пријатели, рече ​​Кубилиус. Целта е да се „открие синергија помеѓу овие два плана и да се постигне најдобриот резултат“, дополни тој. 

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4