Connect with us

Свет

Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија

Најмалку 25 лица загинале откако избувнал пожар во ноќен клуб во индиската сојузна држава Гоа, јавија локалните медиуми рано изутринава, цитирајќи ја државната полиција.

Повеќето од жртвите се верува дека биле вработени во објектот, објавија „Индиан експрес“ и други медиуми.

Властите се сомневаат дека пожарот, кој избувнал околу полноќ, бил предизвикан од експлозија на плинска боца во кујнскиот простор на клубот, ја цитира новинската агенција ПТИ изјавата на началникот на полицијата во Гоа.

Инцидентот наводно се случил во крајбрежниот град Арпора во северна Гоа, регион познат по своите плажи, ноќен живот и тропска клима што привлекува домашни и странски туристи. Зимските месеци вообичаено се шпиц сезона во најмалата индиска држава, пренесе ДПА. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3