Connect with us

Свет

Папата изјави дека нема да стои со скрстени раце пред прекршувањата на човековите права во светот

Папата Лав Четиринаесетти изјави дека нема да стои со скрстени раце пред прекршувањата на човековите права во светот.

– Сакам да повторам дека Светата столица нема да стои настрана пред сериозните нееднаквости, неправдите и кршењата на основните човекови права во нашата меѓународна заедница, која е сè повеќе фрагментирана и зафатена од конфликти, рече папата.

Папата ги даде овие изјави пред новите амбасадори во Ватикан на Узбекистан, Молдавија, Бахреин, Шри Ланка, Пакистан, Либерија, Тајланд, Лесото, Јужна Африка, Фиџи, Микронезија, Летонија и Финска.

Лав Четиринаесетти денеска учествува на уште еден важен настан во Ватикан. Тој присуствува на концерт организиран за сиромашните луѓе. За време на концертот ќе пее канадскиот изведувач Мајкл Бубле, кој ќе ја изведе „Аве Марија“, пренесе Анса.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4