Connect with us

Свет

Најмалку 11 загинати во пукање во илегален бар во Јужна Африка

Во пукање во илегален бар во јужноафриканскиот град Преторија загинаа 11 луѓе, вклучувајќи тригодишно момче, соопшти денеска полицијата.

Повредени се 14 луѓе, а се трага по тројца осомничени.

– Меѓу загинатите има тројца малолетници – момчиња на возраст од 3 и 12 години и една шеснаесетгодишна девојка, соопшти полицијата.

Јужна Африка има една од највисоките стапки на убиства во светот, со просек од околу 60 дневно.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2