Свет
Германија почна со распоредувањето на ПВО системот Стрела
Германското воено воздухопловство денеска во базата Холцдорф го пушти во работа првиот систем од противракетната одбрана со долг дострел Стрела, наменет за зајакнување на европска противвоздушна одбрана од руска агресија.
– Германија сега ќе може да се брани од балистички ракети со долг дострел на надморска височина од над 100 километри, нагласи германскиот функционер Холгер Нојман за време на церемонијата во базата Холцдорф.
Портпаролот на германското МО, Митко Милер посочи дека е предвидено до 2028 година целосно да биде распореден радарот, што ќе чини 3,8 милијарди евра. Но, тој не прецизираше на кои локации ќе биде поставен радарот.
– Со Стрела, Берлин ги презема своите одговорности и го зајакнува европскиот столб на НАТО, истакна германскиот министер за одбрана, Борис Писториус.
Пуштањето во работа на Стрела го надополнува германскиот проект за воздушна одбрана „Европски небесен штит“ (ЕССИ), кој го претстави Берлин во август 2022 година. ЕССИ ги комбинира своите ракети за воздушна одбрана со краток дострел Ирис-Т со американските ракетни системи Патриот со среден дострел.
Германија го предводи ЕССИ, кој вклучува 24 земји-членки, меѓу кои и Велика Британија, но не и Франција. Париз се залага е за систем за воздушна одбрана што користи европска опрема.
Системот Стрела е заеднички развиен и произведен од Израел и САД, а распореден е во 2017 година. Сега првпат ќе биде распореден надвор од Израел
декември 4, 2025

