Connect with us

Култура

Влатко Стефановски со нов инструментален албум

Влатко Стефановски, еден од најценетите гитарски виртуози на овие простори, стои зад сите инструментални верзии на песните од големиот проект „Хитмејкер – Ѓорѓе Новковиќ“, коишто се веќе достапни како ново дигитално издание на „Кроација рекордс“ (Croatia Records), најголемата дискографска куќа во регионот. 

Станува збор за целосна колекција од 10 безвременски хитови во целосно инструментално руво, отсвирени во препознатливиот, емотивен и суверен стил на Стефановски. Специјалното дигитално издание „Guitar sings“ ги донесува инструменталните верзии на песните „Зора је“, „Нада“, „Жута ружа“, „Остала си увијек иста“, „Вирујен у те“, „Прва ноќ са њом“, „Јужњаци“, како и три песни во чии вокални верзии учествуваа Петар Грашо („Ако ме оставиш“), Борис Новковиќ („Такав је живот“) и Мија Димшиќ („Стари Пјер“). Овојпат песните дишат поинаку – без вокали, но со полнокрвната гитарска експресија на Стефановски, којашто, како што се вели во соопштението – ја истакнува мелодиската сила на композициите на хитмејкерот Ѓорѓе Новковиќ.

Овие инструментали се снимени како засебен уметнички концепт, создавајќи атмосфера што истовремено пренесува носталгија, виртуозност и современост. Дигиталното издание е достапно на сите стриминг-платформи, додека до крајот на годината проектот ќе биде објавен и на ЦД, а на почетокот од следната година и на винил, со што целиот инструментален материјал ќе добие и свои физички изданија.

Со ова издание, издавачката куќа, се наведува, дополнително ја проширува приказната на проектот „Hitmaker – Ѓорѓе Новковиќ“, носејќи ѝ на публиката ново, ненаметливо, интимно и врвно музичко искуство потпишано од единствениот – Влатко Стефановски.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1