Connect with us

Свет

Песков: Средбата меѓу Путин и Виткоф е планирана за утре попладне

 Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, ќе се одржи во Москва во вторник, 2 декември, потврди денес портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Песков, исто така, истакна дека средбата е планирана за вторник попладне по локално време, пренесуваат руските медиуми.

Според Песков, денеска Путин работи и учествува на состаноци без јавност како подготовка за утрешниот разговор со специјалниот претставник Стив Виткоф.

„Претседателот, исто така, денеска има состаноци без јавноста како подготовка за утрешните руско-американски контакти“, изјави портпаролот на Лремљ, додавајќи дека Путин денеска е многу зафатен.

Кремљ не ја исклучи можноста за изјави за медиумите по средбата, а Песков најави дека ќе биде прикажано видео од почетокот на разговорот меѓу Путин и Виткоф.

„Ќе видиме што ќе се случи со изјавата. Ќе има видео од почетокот на средбата“, додаде портпаролот на претседателот.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2