Connect with us

Вести

Беким Сали ќе биде вицепремиер и министер за европски прашања, Мухамед Хоџа – министер за животна средина

До Собранието е пристигнат предлогот за новите министри од ВРЕДИ, информираа попладнево од кабинетот на претседателот на законодавниот дом Африм Гаши. Новите министри треба да дојдат на местото на Изет Меџити, кој беше прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање до неговиот избор за градоначалник на Општина Чаир, како и на министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа е предложен за министер за екологија, а актуелниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали треба да го замени Орхан Муртзаани, кој се очекува да биде разрешен на следната собраниска седница.

Согласно Деловникот на Собранието, предлозите ќе бидат распределени на понатамошна постапка. За денот на одржувањето на седницата за избор на новите министри, Собранието ќе информира дополнително.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2