Култура
„Денови на независната продукција“ во јануари во Драмски театар Скопје
Драмски театар Скопје во јануари го продолжува проектот „Денови на независната продукција“. Поддршка на уметниците од независната сцена се реализира со отворање на двете сцени на театарот за изведба на претстави во продукција на независната сцена. Преку Јавен повик објавен на веб страната на Драмски театар и на социјалните мрежи, театарот ги повикува уметниците да аплицираат за термини на изведба на 14, 15, 16 и 17 јануари 2026 година.
По направената селекција на апликациите за претставите пристигнати на Јавниот повик, Драмски ќе ги отстапи за гостување сцената „Ристо Стефановски“ и „Малата сцена“ на театарот како и потребната техника со што ќе овозможи изведба на новите претстави и презентирање на иновативни, автентични и квалитетни театарски проекти.
Искуството на театарот во претходните јавни повици е позитивно и радува фактот што театарските ансамбли од независната сцена со голема посветеност ги реализираат гостувањата на сцените на Драмски.
Проектот „Денови на независнта продукција“ е омилен и кај театарската публика поради можноста да ги проследи и поддржи представите од поновата продукција на независната сцена кои со својата разновидност носат модерни и иновативни пристапи, ги следат интенциите на европскиот театар и го збогатуваат редовниот репертоар на Драмски.
декември 1, 2025

