Connect with us

Свет

Во снежна бура во Чиле загинаа пет туристи

Пет туристи загинаа, а четворица кои се сметаа за исчезнати се пронајдени живи откако снежна бура го погоди чилеанскиот Национален парк Торес дел Пајне, во Патагонија.

Двајца Германци, двајца Мексиканци и еден британски државјанин загинаа.

Областа беше погодена од силна снежна бура со ветрови од над 193 километри на час, што е еквивалентно на ураган од категорија три.

Туристите се изгубиле во близина на кампот Лос Перос, до кој може да се стигне само по четири до пет часа пешачење од најблиската точка достапна со автомобил.

Националниот парк Торес дел Пајне се протега на површина од 1.800 квадратни километри. Стотици илјади луѓе го посетуваат секоја година.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1