Connect with us

Свет

Путин повика на зајакнување на улогата на Шангајската организација за соработка

Рускиот претседател Владимир Путин, на денешниот состанок со шефовите на делегациите на Советот на шефови на влади на земјите од Шангајската организација за соработка (ШОС) во Кремљ, повика на зајакнување на улогата на организацијата како едно од највлијателните меѓународни здруженија.

– Сите имаме заедничка цел, а тоа е да се зајакне авторитетот и влијанието на ШОС како едно од најголемите регионални здруженија на Евроазискиот континент и во светот. На владите им припаѓа посебна улога во организирањето конкретна практична соработка и ширењето на мултифункционалното партнерство на земјите-членки, рече Путин.

Тој наведе дека стоковната размена на Русија со земјите од ШОС расте и во 2024 година достигнала 409 милијарди американски долари, при што повеќе од 97 отсто од трговијата се одвива во национални валути.

– Правиме сè за сигурно снабдување со енергенси, и покрај надворешните обиди негативно да се влијае на синџирите на снабдување, додаде шефот на руската држава.

Путин го истакна и значајниот придонес на Москва во зачувувањето на стабилноста на светските енергетски пазари, додека базата на податоци на ШОС во индустријата ќе овозможи зајакнување на кооперацијата и производството.

Тој нагласи дека соработката на организацијата ја надминува економијата и придонесува за мир и стабилност во Евроазија, при што стабилните меѓународни платежни канали и логистички мрежи добиваат животна важност.

Заседанието на Советот на премиери на ШОС се одржа на 17-18 ноември во Москва, како завршна активност на руското претседавање во 2024-2025 година.

ШОС има 10 членки – Белорусија, Индија, Иран, Казахстан, Кина, Киргистан, Пакистан, Русија, Таџикистан и Узбекистан.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1