Свет
Форум за проширувањето на ЕУ во Брисел
Геополитичките приоритети на Европа, очекувањата на граѓаните и мерките потребни за зајакнување на капацитетот на Унијата да ги прифати новите членки и подготвеноста на кандидатите за членство за пристапување кон блокот ќе бидат главни теми првиот „Форум за проширување на ЕУ 2025: Заокружување на Унијата, обезбедување на нашата иднина“ што денеска се оджрува во Брисел.
На форумот кој ќе собере политички лидери, претставници на граѓанското општество, на младите и бизнисите од земјите членки и партнерите за проширување за да разговараат за напредок кон поголема и посилна Унија, меѓу другите се најавени обраќања на претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста и претседтаелката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Се очекува Форумот да овозможи дискусија за овогодишните извештаи за проширување и за напредокот постигнат од кандидатите за членство во текот на изминатите 14 месеци, како и да потврди дека проширувањето е високо на агендата на ЕУ и дека пристапувањето на нови земји-членки е се поблиску.
Во рамки на Форумот ќе се одржат неколку панели на кои, мжу другите, најавено е учество на високата пратставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, еврокомесарите за проширување и за одбрана, Марта Кос и Андриус Кубилиус, премиерите на Албанија, Еди Рама, на Молдавија, Александру Мунтеану и на Црна Гора, Милојко Спајиќ, украинскиот заменик-премиер Тарас Качка, претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, данската министерка за европски прашања Мари Бјере и претседателот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер.
ноември 18, 2025

