Свет
Кинеските астронаути од „Шенжоу-20“ безбедно слетаа во Кина
Капсулата на кинеското вселенско летало „Шенжоу-21“ безбедно слета во Кина со екипажот на мисијата „Шенжоу-20“, објави Кинеската централна телевизија (ЦЦТВ).
Слетувањето завршило успешно во Донгфенг, во кинеската област Внатрешна Монголија.
Враќањето на тричлениот екипаж од вселенската станица „Тијангонг“ првично беше закажано за 5 ноември, но беше одложено поради судир на постарото летало со вселенски отпад.
Астронаутите ја завршија шестмесечната мисија на кинеската вселенска станица.
ноември 15, 2025

