Свет
Во 40 американски градови штрајкуваат вработените во „Старбакс“
Вработените во „Старбакс“ (Starbucks) денеска стапија во штрајк на „денот на црвената чаша“, кога американската компанија има најголема продажба на кафе во годината. Штрајкот се одвива во околу 65 продавници во 40 градови.
Вработените стапија во штрајк откако не успеаја да потпишат колективен договор со менаџментот.
„Старбакс“ соопшти дека претходните штрајкови во продавниците го намалиле прометот за помалку од еден процент.
ноември 14, 2025

