Connect with us

Вести

Мицкоски за Блерим Беџети: Правдата е императив, без разлика дали станува збор за поранешни или сегашни функционери

Секаде каде што постои основано сомневање поткрепено со докази Владата делува. Правдата мора да биде наш императив и така ќе се однесуваме без разлика дали тој што сторил неправда е поранешен или сегашен функционер, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за кривичната пријава на Финансиската полиција за вработени во Општина Сарај, меѓу кои и за поранешниот градоначалник Блерим Беџети.

По поставувањето камен-темелник за изградба на нова спортска сала и втора фаза од доградба на нови простории во ООУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром, тој подвлече дека нема да прават естради од тоа со упаѓање специјалци дома и оти ќе продолжат и во иднина, оставајќи ги правосудните органи да си ја вршат работата.

– Ние од самиот почеток рековме дека секаде каде што постои основано сомневање кое што е поткрепено со докази, ние како Влада ќе делуваме. Нема да правиме, од тоа естрада, нема да упаѓаме дома со специјални единици, едноставно правдата мора да биде наш императив и така ќе се однесуваме и така се однесуваме без разлика дали тој што сторил неправда е поранешен функционер, сегашен функционер и така натаму. Мислам дека за повеќе детали треба да се обратите до Финансиската полиција и да ги оставиме органите, Обвинителството и Судството да си ја вршат својата работа, а јас повеќе не би коментирал, изјави Мицкоски. 

Во однос на именувањето владини повереници во општините каде што немаше цензус за избор на градоначалник, рече дека на таа тема разговарале со коалициските партнери. Додека за изјавата на в.д. градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани дека согласно Законот за локална самоуправа тој треба да остане на функцијата до крај на мандатот, премиерот посочи оти треба со јавноста да сподели за усвоените урбанистички планови без мислење на институциите.

– В.д. градоначалникот на Гостивар не знам дали сподели со вас дека на Совет има усвоено два детални урбанистички планови, без мислење од институциите. Претпоставувам тоа не го споделил. Тоа е кривично дело. Треба и тоа да го сподели со медиумите пред да дава било какви сугестии, рече Мицкоски.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1