Connect with us

Свет

Шефица на австриската дипломатија: Војната во Украина фундаментално ја промени Европа

Руско-украинскиот конфликт суштински го измени европскиот континент и ја доведе Европа во нова фаза на безбедносни предизвици, изјави министерката за надворешни работи на Австрија, Беате Мајнл-Рајзингер.

Таа истакна дека дошол моментот кога оваа конфронтација мора да заврши, но нагласи дека мирот мора да биде „сеопфатен, траен и одржлив“. Според неа, на Украина особено ѝ се потребни јасни и сигурни безбедносни гаранции.

– Безбедноста на Европа не е можна без безбедноста на Украина, ниту пак Европа може да биде мирна ако не се слушне гласот на Европејците, порача Мајнл-Рајзингер.

Таа додаде дека Австрија ќе продолжи да го поддржува Киев, особено во хуманитарна и политичка смисла, како и во областа на обнова на инфраструктурата.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1