Connect with us

Свет

САД ја укинаа забраната за продажба на оружје на Камбоџа

Соединетите Американски Држави денеска го укинаа ембаргото за трговија со оружје и одбранбена опрема со Камбоџа, откако минатата недела американскиот претседател Доналд Трамп го надгледуваше потпишувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Камбоџа и соседен Тајланд, соопшти американскиот Федерален регистар.

– Врз основа на вредните напори на Камбоџа за мир и безбедност, вклучително и преку обновениот ангажман со Соединетите Американски Држави за одбранбена соработка и борба против транснационалниот криминал, државниот секретар (Марко Рубио) донесе одлука за укинување на ембаргото за трговија со одбранбена опрема со Камбоџа, се вели во соопштението.

Во текстот се додава дека продажбата на оружје на Камбоџа сега ќе се одобрува поединечно за секој случај и ќе подлежи на релевантни критериуми.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1