Формула 1
Ф1: Берман и следната сезона во болидот на Хаас
Младиот британски возач Оливер Берман ќе продолжи да вози за Хаас и следната сезона, објави денеска американскиот тим во Формула 1.
Двете страни сакаа продолжување на соработката, но сепак преговорите траеја подолго од очекуваното, што отвори простор за разни шпекулации.
„Продолжувањето на соработката со Оли во 2027 година беше природна одлука за нас. Го видовме неговиот напредок, но и посветеноста и квалитетот што го носи во тимот, и на патеката и надвор од неа“, изјави шефот на Хаас Ајао Комацу.
Според медиумските извештаи, претставниците на 21-годишниот Берман во преговорите настојувале да обезбедат одредена флексибилност во иднина, во случај да се појави можност за преселба во друг тим.
Берман, кој втора сезона е дел од Хаас, освои 23 од вкупно 31 бодови на тимот оваа сезона.
ноември 27, 2026


