Connect with us

Свет

Ле Пен го осуди „нискиот политички маневар“ за постигнување договор за буџетот на ЕУ пред можната победа на Национален собир

Лидерката на француската крајна десница, Марин Ле Пен, ги обвини европските лидери за „низок политички маневар“ со намера до крајот на годината да се постигне договор за повеќегодишниот буџет на Европската унија, за кој, смета таа, ќе биде тешко да се ревидира доколку победи на претседателските избори следната година, објавија француските медиуми.

„Нашата земја е на работ на банкрот и социјална експлозија. Нашите лидери треба да се фокусираат на нејзиното закрепнување, наместо да се обидуваат да го попречат демократскиот избор на францускиот народ преку ситни политички маневри“, напиша Ле Пен во Икс.

Лидерите на ЕУ, кои денес се собраа во Брисел, преговараат за буџетот на Унијата за периодот 2028-2034 година, брзајќи да постигнат договор пред француските претседателски избори во следната година, забележаа француските медиуми. 

Ле Пен, која се смета за фаворит на изборите, ветува дека доколку победи таа ќе го намали финансискиот придонес на Франција кон ЕУ и во рок од шест месеци ќе ја суспендира помошта за Украина.

Ad
Ad