Connect with us

Свет

Трамп: САД би можеле да продолжат со големи воени операции против Иран по Нова Година

САД би можеле да продолжат со воените операции против Иран по Нова Година доколку не се постигне договор меѓу Вашингтон и Техеран, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека сегашните индиректни разговори не даваат конкретни резултати.

Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп рече дека разговорите со Иран се уште се во тек, но дека двете страни се „заглавени во преговори и ограничени напади, без да го прекинат конфликтот“.

„Ќе ја продолжиме војната против Иран по Нова Година доколку не се постигне договор“, рече Трамп, додавајќи дека во моментов нема индикации дека Техеран е подготвен да постигне договор.

Американскиот претседател ги обвини иранските преговарачи за одолговлекување на разговорите и избегнување конкретни договори.

„Тие постојано разговараат, но се многу вешти во избегнувањето на одговорноста“, рече Трамп, оценувајќи дека Иран сега е поагресивен отколку пред изборите во САД.

Ad
Ad