Connect with us

Хроника

Кумановец управувал мотор под дејство на алкохол

Четириесет и шестгодишен кумановец, бил запрен од полицијата, управувајќи мотор со 1,74 промили алкохол во крвта, соопшти денеска СВР Куманово.

-Вчера во 11:22 часот полициски службеници од СВР Куманово на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово го лишиле од слобода Д.С. (46) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле мотоцикл „кимко“, управуван од Д.С. и по преземени мерки било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта, соопшти полицијата.

По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.