Connect with us

Општини

Музички концерт на 10 ноември во Куманово по повод Денот на ослободувањето на градот

Голем музички концерт по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово, ќе се одржи на 10 ноември (вторник), со почеток во 19:30 часот, на градскиот плоштад. Програмата ќе понуди настапи на повеќе домашни музички изведувачи, најавија од Фондацијата за култура и спорт. Концертот е во организација на Фондацијата за култура и спорт, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Директорката на Фондацијата за култура и спорт, Сања Давидовиќ, на денешната прес-конференција ги најави учесниците и програмата, посочувајќи дека целта е празникот да се одбележи со музичка програма што ќе ги обедини граѓаните и ќе ја промовира културната разновидност на градот.

– Куманово е град со богата историја, препознатлива традиција и културно богатство, град кој со децении ја гради својата посебност врз соживотот, меѓусебното почитување и културната разновидност. Токму затоа сакам и оваа година прославувањето да го одбележиме со концерт кој ќе ги обедини сите граѓани, ќе донесе позитивна енергија и ќе ја покаже моќта на музиката како универзален јазик кој не познава граници – изјави Давидовиќ.

Концертот ќе започне со настап на локалните изведувачи, а музичката придружба ќе ја обезбедува групата „Солушн“. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во настапите на Next Time, Young Dadi, Bardhi, Brass Brothers, Анастасија Спасевска, Марио Арангеловски, Чапај, Ивона Јо, Мартинијан Кириловски, Лука Чомбе, Драгана Јовановска и Филип Александровски.

Во вториот блок ќе настапат Барди и Јанг Дади, изведувачи чија музика е насочена кон помладата публика. Потоа следува настапот на битолскиот бенд „, Brass Brothers познат по изведбите на домашна и светска музика со дувачки лимени инструменти. Мега концертот ќе го затвори „Некст Тајм“, еден од најпознатите и најпопуларни музички бендови во земјава. Од Фондацијата ги поканија граѓаните да присуствуваат на концертот и заеднички да го одбележат празникот на градот во духот на музиката, пријателството и заедништвото. 

Ad
Ad