Свет
Полска спроведува специјална операција на границата со Калининград
Полската полиција, граничната полиција и армијата почнаа голема операција на границата со руската енклава Калининград.
– Постоеја индикации дека во наредните денови може да се случат саботажи на границата со Калининград. Мора да ја осигураме безбедноста на граѓаните што живеат таму, но и да ја заштитиме инфраструктурата и да се справиме со сите можни ситуации што би можеле да претставуваат закана по населението, изјави денеска началникот на полицијата Марек Борон.
На границата со Калининград распоредена е и елитната армиска единица ГРОМ.
Полска, членка на ЕУ и на НАТО, дели граница долга 232 километри со Калининград. Руската енклава е силно утврдена територија, која е опкружена со земји членки на НАТО (Полска и Литванија) и се смета за руски „носач на авиони, што не може да биде потопен“.
ноември 4, 2026

