Connect with us

Свет

Тревога во европскиот воздушен сообраќај: Четири авиони денеска принудно слетаа по дојави за бомби

Серија пријави за бомби денеска предизвика тревога во европскиот воздушен сообраќај. Два патнички авиона принудно слетаа и беа проверени во Варшава, а третиот во Мурсија, Шпанија. Според бугарските медиуми, авион од Израел слета и во Софија поради закана од бомба, објави Индекс.

Инцидентите следеа еден ден откако авион на „Виз Ер“ на лет од Лондон за Софија мораше да изврши итно слетување во Будимпешта во придружба на унгарски борбен авион. 

Досега нема потврда дека во некој од авионите е пронајдена бомба.

Ad
Ad