Connect with us

Свет

Кремљ потврди дека во Абу Даби следната недела ќе се одржат трилатерални мировни преговори

Русија ќе учествува во трилатералните мировни преговори со Украина и САД во Абу Даби од 10 до 11 ноември, соопшти денеска Кремљ.

Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински ќе биде главен преговарач во Абиу Даби.

Последните мировни преговори со посредство на САД се одржаа во феврари, пред американско-израелските напади врз Иран.

Американскиот пратеник Стив Виткоф вчера изјави дека САД со делегации од Украина и од Русија, следната недела во Абу Даби, ќе разговараат за безбедносните договори во поствоениот период и за мерките за деескалација на судирот.

Ad
Ad