Фудбал
Нуно Еспирито Санто повеќе не е тренер на Вест Хем
Премиерлигашот Вест Хем денес објави крај на соработката со португалскиот тренер Нуно Еспирито Санто.
– По темелна анализа за почетокот на сезоната во Англиската фудбалска лига, одборот заклучи дека сега се потребни промени за да се обезбеди исполнување на целите и очекувањата на клуботсе вели во соопштението објавено на неговата официјална веб-страница.
Заедно со Еспирито Санто, заменик-менаџерот Руи Педро Силва и тренерот на голманите Руи Барбоса исто така си заминаа.
Според клубот, потрагата по нов главен тренер веќе е започната. Марк Нобл, Стив Потс и Жерар Прендервил привремено ќе ги водат подготовките на тимот за утрешниот натпревар од Чемпионшип (англиска Втора дивизија) против Кардиф Сити.
По 13 натпревари во Чемпионшип, Вест Хем е на осмото место со 22 бода. Тие се четири бода зад зоната за промоција во Премиер лигата. Во последните пет лигашки натпревари, „чеканите“ имаат две победи, едно реми и два порази.
ноември 4, 2026


