Фудбал
Манчестер Јунајтед ќе купува играч од Серија А
Екипата на Манчестер Јунајтед се наоѓа во резултатска криза во новата сезона и од таа причина се повеќе се размислува за купување на нови играчи. Едно од нив треба да биде Аргентинецот Нико Паз, фудбалер на Комо, кој би требало да го замени Бруно Фернандеш доколку овој замине од „Олд Трафорд“.
22-годишниот Паз на 11 натпревари постигна пет голови, со шест асистенции. Тој постигна и два гола против Манчестер Јунајтед на дуелот од Лигата на шампионите одигран претходната недела што Комо го доби со 4:1.
Но, тука има и еден проблем – Реал Мадрид. Шпанскиот клуб има клаузула од 80 милиони евра бидејќи Аргентинецот претходно настапуваше за Реал.
Меѓу потенцијалните засилувања кај Манчестер Јунајтед се споменува и името на Морган Гибс-Вајт од Нотингем Форест и овој фудбалер е реално достапен за трансфер веќе во јануари.
ноември 3, 2026


