Connect with us

Фудбал

Скопје и Силекс во натпревар без голови ја отворија денешната програма во ПФЛ

Првиот денешен натпревар од 12.коло од Првата фудбалска лига меѓу Скопје и Силекс заврши без голови – 0:0. Гостите од Кратово беа поактивни, но немаа завршница да остварат нова победа откако во претходните две кола освоија шест бодови. 

Во тек се последните два натпревара од оваа рунда: Вардар – Струга (0:1 на полувреме) и Башкими – Арсими (0:0 на полувреме).

На вчера одиграните дуели: Шкендија Арачиново – Тиквеш 1:1 и Брегалница – Шкендија Тетово 1:2.

Тетовска Шкендија е лидер на табелата со 27 бодови.

Ad
Ad