Забава
Кафуле во Лима служи кафе со ликот на папата Лав XIV
Кафуле во Лима служи кафе со ликот на папата Лав XIV кој на 11 ноември доаѓа во Перу. Кафулето „Јн Кофи“ од минатиот месец нуди капучино, лате и еспресо со ликот на папата подготвено со какао врз млечната пена, увезени од Амазонија.
На гостите им се нудат две верзии- насмеан папа и папа во молитва.Шанкерката Аријана Малма најпрво го лади какаото, а потоа со него го црта ликот на папата врз млечната пена.
– Среќна сум што ова допре до толку многу луѓе. И тоа не само затоа што доаѓа папата, туку и затоа што специјалното кафе во Перу е многу малку препознатливо. Мислам дека ова е добра можност да се допре до луѓето ширум светот, изјави Малма.
Според сопственикот на кафулето, Карлос Риско ова е добра промоција на перуанското кафе и неговиот квалитет.
– Знаеме дека папата пие од нашето кафе и дека му се восхитува. Во Перу имаме кафе со висок квалитет, но целта ни е да добиеме уште една можност за промоција, изјави Риско.
ноември 3, 2026

