Connect with us

Свет

САД ја известиле Москва за закана од терористички напад со многу жртви

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека преку воспоставени партнерски канали од САД добила информации за подготовка на терористички напад во Москва и дека презема соодветни мерки.

„Преку партнерските канали од американска страна беа добиени информации за подготовка на терористички акт во Москва. Во моментов се преземаат соодветни активности“, се наведува во соопштението на ФСБ.

Американската амбасада во Москва соопшти дека располага со информации за „веродостојна закана од инцидент со голем број жртви“ во музејскиот комплекс „Царицино“ во Москва и дека американската Влада ги координира своите активности со руските власти.

Ad
Ad