Connect with us

Свет

Полскиот претседател го обвини Туск за насилно преземање на Уставниот суд

Полскиот претседател, Карол Навроцки, денеска го обвини премиерот Доналд Туск за насилно преземање на највисокиот суд во земјата, откако беше суспендиран неговиот претседател, сојузник на претходната крајнодесничарска влада.

Уставниот суд синоќа соопшти дека најстарата по стаж судијка, Ана Корвин-Пјотровска, го суспендирала претседателот на судот Богдан Свјечковски, кој беше назначен на функцијата од претходникот на Туск од редовите на тврдата десница, и дека таа сега го презела управувањето со Судот.

Тој потег дополнително го заостри судирот околу контролата врз правосудството меѓу Навроцки, сојузник на претходната националистичка власт, и проевропската влада на премиерот Доналд Туск.

„Вечерва во Република Полска дојде до нарушување на јавниот поредок и насилно преземање на една уставна институција“, објави Навроцки во соопштението рано изутринава пред зградата на судот, го прочита негов соработник. Претседателот мораше да се врати од патувањето во Африка и да го прекине летот за да реагира на новонастанатата ситуација.

Навроцки веднаш се упати кон зградата на судот, каде што беа распоредени силни полициски сили за интервенции, додека неколку стотици демонстранти бараа враќање на Свјечковски на функцијата.

Навроцки веднаш повика на итни политички консултации.

Туск преку платформата Икс порача дека неговата влада се обидува да го обнови владеењето на правото, чие поткопување Европската Унија им го припишуваше на неговите претходници од партијата „Право и правда“.

„Овој процес е тежок, понекогаш дури и болен и бара одлучно дејствување. Друг пат нема“, напиша Туск. 

Ad
Ad